Како функционира LED терапијата?

Можеби досега сте слушнале за светлосна терапија, но сепак можеби имате некои прашања. Прашања од типот „како можам да добијам позитивни здравствени придобивки со тоа што само ќе фрлам светлина врз себе?“, па дури и прашање за тоа што точно е светлосна терапија. Но, без грижи, сите одговори што ги барате се токму тука. – кратко и лесно разбирливо.
Истражување на светот на LED светлосната терапија
Терапијата со LED светло се проби низ каналите во светот на убавината и негата на кожата. Во последните неколку години терапијата со LED светло е еден од најполуларните третмани за нега на вашата кожа. Утврдено е дека помага за различни кожни проблеми како брчки,акни, митесери, флеки и сл., додека останува еден од најбезбедните методи за кожна терапија!
Сега, ако вие, како и повеќето други, се двоумите околу новите технологии и што можат тие да ни направат, нема што да се грижите. Третманот со LED светло скоро секогаш нема никакви несакани ефекти.

Видови LED светлосна терапија- изберете ја вистинската за вас

Како да знаеме кое LED светло е добар избор за вашите проблеми со кожата?

Различните светла се насочени кон различни проблеми со кожата што можеби ги имате. Секоја LED светлина има различен ефект на кожата. Постојат  LED апарати за убавина со само едно LED светло, но најновата технологија нуди апарати за убавина со повеќе бои на LED светла се со цел да ги решите вашите проблеми со кожата и да ја подмладите и освежите кожата соо само еден апарат за убавина.

Така, на пример, сината светлина ја смирува кожата, па ако имате акни, лузни од акни и мрсна кожа, ќе уживате во овој третман. Црвеното светло е добро за зајакнување на колагенот и еластинот, одржувајќи ја вашата кожа цврста и беспрекорна! Зеленото светло се добро за митесери, жолтото за освежување на кожата, а розевото за подобрување на тонот и избелување на кожата.

 

LED светлосните терапии во козметичките салони може да ве чинат многу, а и секоја LED терапија треба да се прави редовно за да се постигнат одлични и долготрајни резултати на вашата кожа. Затоа, благодарение на најновите технологии кои станаа осебено популарни во последната година се LED апаратите за убавина за домашна употреба. Со нив не само што ќе заштедите финансиски, туку ќе заштедите и време. Така третманите со LED светлина ќе може да ги направите кога ќе имате вие слободно време и тоа од удобноста на вашиот дома.

Shopping Cart
Scroll to Top