Услови на замена или враќање на производ
Сите производи на www.abouther.mk доаѓаат со гаранција од 12 месеци.
Доколку вашиот производ пристигне и забележите дека не работи или функционира правилно или е некако расипан, ние ќе ви испратиме замена 100% БЕСПЛАТНО!
Оваа гаранција покрива најмногу три замени во рок од една година од датумот кога сте ја примиле нарачката.
Гаранцијата www.abouther.mk не покрива физичко оштетување од злоупотреба или случајно оштетување на производот.
Потребно е да ја чувата гаранцијата што ќе Ви пристигне со производот.
Откажување и рефундирање
Ако вашата нарачка сè уште не е испратена, а сакате да ја откажете, можете да пишете до нашиот тим за поддршка на клиенти info@abouther.mk во врска со откажувањето на вашата нарачка.
Што ако Ви е доставен оштетен или неисправен предмет/погрешен производ во вашата нарачка, како би постапиле?
Нашите пратки минуваат низ ригорозни процеси за проверка на квалитетот пред да го напуштат нашиот магацин. Меѓутоа, во ретки случаи кога вашиот производ е оштетен за време на испорака или транзит, можете да побарате замена или откажување и враќање на средствата во рок од 2 работни дена од приемот на нарачката.
Доколку сте примиле производ во оштетена/неисправна состојба или Ви е испратен погрешен производ, побарајте замена или откажување и враќање на средствата од Понеделник – Петок 08-16ч или пак да ни испратите е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@abouther.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на производот или исконтактирајте не на телефонскиот број 070 211 660
Забелешка: Доколку се работи за замена, тоа е предмет на достапност на залиха.
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот (во износ од 100 ден). Исклучок е доколку купувачот добил неисправен или погрешен производ и во тој случај трошоците за поштата ги подмирува www.abouther.mk.