ШТО Е IPL LASER?
IPL Laser Hair е уред за убавина кој ќе ве ослободи од несаканите влакна на вашето тело и лице за само неколку недели.
IPL ласерската епилација е безбеден третман кој трајно го намалува бројот на повторно растење на влакната. Светлосните импулси се користат за оштетување на фoликулите на влакното и ја нарушуваат нивната способност повторно да растат. Оштетените фоликули на влакното се елиминираат, со одлични и долготрајни резултати.
Ви го претставуваме новиот PREMIUM IPL LASER HAIR REMOVAL WITH FREEZING POINT за отстранување на влакна. Нов елегантен дизајн со технологија за ладење и со поголема моќност за да ви овозможиме поудобен и поефективен третман дома.
ЗОШТО Е ПОСЕБЕН IPL ЛАСЕРОТ?
Има многу различни методи за отстранување на влакна, од традиционални сечила за бричење, депилација со восок до професионални ласерски третмани. Многу од нив одземаат време, се скапи или ужасно болни, а сепак за многу краток период влакната повторно растат. IPL ласерот ви дава долготрајни резултати со разумна цена. Сега можете удобно да ја користите оваа иновативна технологија за спречување на повторно растење на влакната базирана на светлина во приватноста на вашиот дом, кога и каде сакате. Нашите IPL ласери користат технологија од клиничка класа, адаптирана за безбедно и ефикасно отстранување на несаканите влакна во домашни услови.
ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ФУНКЦИЈАТА ЗА ЛАДЕЊЕ?
Функцијата за ладење ќе ви овозможи безболен и пријатен третман од удобноста на вашиот дом. Бидејки некои регии од телото се почувствителни оваа функција после секој светлосен пулс ќе го олади местото што е третирано. Со тоа ќе се избегне непријатност, црвенило и иритација на кожата. Функцијата за ладење е особено иделана за оние со чувствителна кожа.
КАКО СЕ КОРИСТИ?
Чекор 1: Исчистете ја и целосно избричете ја регијата што сакате да ја третирате. Бидете сигурни дека вашата кожа е чиста и сува пред третманот.
Чекор 2: Поврзете го адаптерот за напојување
Чекор 3: Држете го притиснато копчето за вклучување 2 секунди за да го вклучите уредот. Кратко притиснете го копчето за вклучување за да го прилагодите нивото на интензитетот соодветно за вашата кожа и регија.
Чекор 4: За да го вклучите/исклучите режимот за ладење, притиснете го копчето со снегулка.
Чекор 5: Поставете го уредот вертикално (под агол од 90°) на регијата што треба да се третира. Прозорчето за одблесок целосно да е поставен на површината на кожата.
Чекор 6: Притиснете го копчето за одблесок за да започне третманот за отстранување на влакна (за мануелна опција) или пак само поставете го правилно прозорчето на површината на кожата за уредот да испушти одблесок (за ауто опција).
Чекор 7: Откако ќе заврши третманот, држете го копчето за вклучување за да го исклучите уредот. Исчистете го прозорецот за одблесок со мека памучна крпа.
Чекор 8: Уживајте во вашето искуство со отстранување на влакна со PREMIUM IPL LASER!
БЕНЕФИТИ ОД PREMIUM IPL LASER HAIR REMOVAL WITH FREEZING POINT
БЕЗБОЛНО – Новата технологија за ладење ја смирува кожата и ја елиминира секоја непријатност за време на третманот.
БРЗ РЕЗУЛТАТ – Ја користи најефикасната IPL технологија. Видливи резултати по само 4 недели (бавно растење на влакното, истенчување на влакното, намалување на влакната)
БЕЗБЕДНО – Уред со сите потребни сертификати за безбедност.
5 НИВО НА ИНТЕНЗИТЕТ – Лесно прилагодете го нивото на интензитет соодветно за вашата кожа.
БРЗ И ЛЕСЕН ТРЕТМАН – Оптимално време за третман на цело тело и лице е околу 30 мин.
ДОЛГОТРАЈНО – Уредот е со 999.000 одблесоци (употреба околу 15 години)
ПОГОДНО – Отстранете ги несаканите влакна во вашиот дом.
ПОГОДНА БОЈА НА КОЖА И ВЛАКНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА IPL ЛАСЕР
Проверете ја табелата за да видите дали IPL ласерот е соодветен за вас
ПРЕПОРАКИ
– Не се препорачиува користење на уредот во бременост и за време на доење
– Внимателно прочитајте го упатството пред употреба на уредот.
– После секој третман исчистете го прозорецот за одблесок со мека памучна крпа
– При првата употреба на уредот препорачуваме да направите тест на мала регија и да почекате 24 часа за да бидете сигурни дека нема реакција на кожата.
– Избегнувајте изложување на сонце најмалку 4 дена пред и после третманот.
– После третманот користете СПФ 50
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Тип: | PREMIUM IPL LASER HAIR REMOVAL WITH FREEZING POINT |
Функција: | Отстранување на влакна |
Број на одблесоци: | 999.000 |
Моќност | 48W |
Сетот содржи | IPL ласер, адаптер, заштитни очила, брич, упатство за употреба, фотрола |
Гаранција | 1 година |