Услови на користење
Абаут Хер Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.abouther.mk
Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Податоци за фирма
АБАУТ ХЕР ДООЕЛ
Адреса: Бул. Партизански Одреди 62-2/53, 1000 Скопје
Тел: 070 211 660
Е-mail: info@abouther.mk
WEB: www.abouther.mk
Шифра на дејност: 47.91 – Трговија на мало преку пошта и интернет
ДБ: 405721553669
Офицер за заштита на лични податоци: Елеонора Црвенкоска, со е-пошта eleonora@abouther.mk и телефонски број: 070 211 660
Услови на користење
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.
- Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.abouther.mk. со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Заштита на приватноста на податоците
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата АБАУТ ХЕР се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите Купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во групацијата АБАУТ ХЕР се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Поврат на производи
Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.